klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Дрон се урна во северна Литванија, оштетувајќи автомобил во движење

Дрон се урна во северна Литванија, оштетувајќи автомобил во движење
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·18. 10. 2026. 14:45:09

Дрон, кој најверојатно навлегол во литванскиот воздушен простор од соседна Полска, се урнал во северниот дел на оваа балтичка земја – членка на ЕУ и НАТО, изјави во денеска министерот за одбрана Робертас Каунас. Остатоци од дронот оштетиле цивилно возило што било во движење. Никој не е повреден, изјави за литванското радио Вилмантас Виткаускас, шеф на националниот центар за управување со кризи. Претседателот Гитанас Науседа ја обвини Русија дека стои зад инцидентот. - Руската агресивна војна против Украина се прелева на источното крило на НАТО и ЕУ, напиша на Х претседателот на Литванија, Науседа. Тој исто така наведе дека дронот (чие потекло се истражува) експлодирал над северниот дел на земјата, претставувајќи опасност за цивилното население. Властите на Литванија ги предупредија жителите во неколку региони во северниот дел на земјата за можна закана од воздух. Предупредување добија и жителите на некои летонски региони што граничат со Литванија. Борбени авиони на НАТО беа испратени да го идентификуваат објектот. Сепак, поради временските услови, не било можно да се воспостави визуелен контакт. Литванија и предложи на Полска спроведување заедничка истрага за инцидентот. Претставник на НАТО потврди дека два италијански авиона „Еурофајтер“ биле ангажирани поради присуство на дрон во литванскиот воздушен простор. Леталата дејствувале под…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti