klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Драмски театар со две изведби на претставата „Плејбои…“ гостува во Белград

Драмски театар со две изведби на претставата „Плејбои…“ гостува во Белград
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·29. 06. 2026. 11:47:13

Драмски театар Скопје првиот дел на сезоната ја заокружува со гостување во Белградскиот драмски театар. Вечерва и утре вечер во 20:30 часот ќе се изведе претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е четирипартитна копродукција на НУ Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното гледалишче Љубљана и продукцијата на „Град театар“ Будва. Во копродукциската претставата „Плејбои...“, играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ. Покрај Иван Пеновиќ, авторскиот тим го сочинуваат и Соња Должан (превод), Лазе Трипков (сценографија), Александар Ношпал (костимографија), Владимир Пејковиќ (композиција) и Дамир Клемениќ (сценско движење). Од Драмски потсетуваат дека претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ минатата година два месеца се подготвуваше на сцената на Драмски театар Скопје и освен актерите и уметниците од ансамблот на Драмски театар истовремено беше ангажирана и целата техничка екипа од одделите на светло и тон мајстори, гардероба, кројачница, столарска работилница, атеље за изработка на сценографија и скулптура, оделот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti