klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Драмски театар Скопје: Замина еден од најсаканите актери на македонската сцена

Драмски театар Скопје: Замина еден од најсаканите актери на македонската сцена
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 08:28:29

На 75-годишна возраст почина Гоце Тодоровски, пензиониран актер и долгогодишен член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Со неговото заминување, македонскиот театар, филм и телевизија загубија уметник чиј талент речиси половина век беше дел од колективната меморија на публиката. Гоце Тодоровски не ја бараше наклонетоста на гледачите. Ја освојуваше уште со првото појавување на сцената. Неговата игра имаше ретка непосредност: прецизен актерски ритам што изгледаше сосема природно, жива мимика, препознатлив гест и оној мангупски шарм со кој умееше да ја пренесе играта од сцената во гледалиштето. Неговата комика никогаш не беше само ефект. Зад смеата стоеја дисциплина, инстинкт и длабоко разбирање на човечките слабости. Роден е во Кичево на 30 април 1951 година. Основното, средното и високото образование ги заврши во Скопје, а во 1976 година дипломира на Отсекот за драмски актери при Вишата музичка школа. Уште како студент учествува во продукции на Драмски театар Скопје, каде што во 1978 година станува постојан член на ансамблот. Во Драмски останува до пензионирањето во 2018 година, оставајќи зад себе четири децении посветеност на театарот што беше негов уметнички дом. На матичната сцена оствари 43 улоги во претстави од различни жанрови. Неговата театрографија започнува со „И бол и бес“, а низ годините ги…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti