klik.world
Region Sjeverna Makedonija

ДРАМА ВО ПЕФКОХОРИ: Зајачка риба касна жена на плажа, таа не можела да ја откачи

ДРАМА ВО ПЕФКОХОРИ: Зајачка риба касна жена на плажа, таа не можела да ја откачи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·30. 06. 2026. 07:30:36

Жена завршила на лекарска помош откако била касната од зајачка риба додека влегувала во морето на плажа во Пефкохори. Таа тврди дека рибата се закачила за ногата и одбивала да ја пушти. Според нејзиното сведоштво за грчката телевизија АНТ1, мирно влегувала во морето кога одеднаш почувствувала силна болка. – Реков: „Нешто ме гризе и не ме пушта“. Погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев како изгледа лагокефалосот бидејќи претходно бев информирана. Се исплашив и почнав да ја тресам ногата за да се ослободам – раскажала жената. „За среќа забите не влегоа подлабоко“ Таа успеала да стигне до брегот, но била видно вознемирена и во шок. Нејзините пријатели веднаш излегле од водата и ѝ помогнале. Според неа, вистинска среќа било тоа што рибата ја каснала во пределот на глуждот. – За среќа, ме касна преку коската на глуждот, па забите не успеаја да навлезат подлабоко во ткивото. Сепак, ми остави голема и видлива рана – изјавила таа. Присутните на плажата веднаш ѝ укажале прва помош и го запреле крварењето. Потоа била пренесена во локален здравствен центар, каде примила серум против тетанус, антибиотска терапија и дополнителен третман.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti