klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Доживотен затвор за поранешниот голем муфтија на Сирија

Доживотен затвор за поранешниот голем муфтија на Сирија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·24. 08. 2026. 11:52:11

Четвртиот кривичен суд во Дамаск денеска го осуди поранешниот голем муфтија на Сирија, Ахмад Хасун, на казна доживотен затвор. Судијата претседавач на Четвртиот кривичен суд го прогласи Хасун за виновен за кривично дело извршување дејствија насочени кон поттикнување граѓанска војна и верски судири и му изрече казна доживотен затвор. Судот исто така наложи на Хасун да му се забрани користење на каков било општ или посебен акт на амнестија поради тежината на сторените дела. Наредена е и заплена и конфискација на неговиот подвижен и недвижен имот во корист на државниот буџет. Судот дополнително пресуди дека Хасун нема да има право на условен отпуст или суспензија на казната, квалификувајќи ги утврдените дела против него како злосторства против човештвото и воени злосторства. Сведоци во судот сведочеа против Хасун, тврдејќи дека уценувал дел од нив и земал пари во замена за ослободување на притвореници. Тие исто така сведочеа за неговите врски со безбедносните и воените агенции на поранешниот сириски режим, пренесе ДПА. Ова е трета пресуда донесена од кривичен суд во Дамаск, по осудата на бригадниот генерал Атеф Наџиб, кој раководеше со одделот за политичка безбедност во Дара во 2011 година, и смртната казна, подложна на касација, изречена за Васим ал-Асад, братучед на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti