klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Досега 3.100 затруени во Гостивар, анализите се завршени и предадени на Обвинителството, останува забраната за користење на водата

Досега 3.100 затруени во Гостивар, анализите се завршени и предадени на Обвинителството, останува забраната за користење на водата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·20. 07. 2026. 13:35:28

За надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, каде што е прогласена локална епидемија, Владата од денеска обезбедува по 50.000 литри вода за пиење дневно за населението, а Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги заврши анализите, кои во текот на денот ќе ги предаде на Јавното обвинителство. Дистрибуцијата на водата се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР). Директорот на институцијата, Ивица Томовски, истакна дека државата е во постојана координација со сите надлежни органи и внимателно го следи развојот на настаните. - Покрај институционалната одговорност, постапувањето на надлежните органи и спроведувањето на сите неопходни контроли и лабораториски анализи, Владата интервентно одлучи да обезбеди 50.000 литри пивка вода за пиење, која секој ден ќе им биде доставена на граѓаните во Гостивар. Оваа мерка почнува од денеска и ќе продолжи во наредните неколку дена со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките од институциите - нагласи Томовски. Водата ќе се дистрибуира на повеќе локации, меѓу кои Домот на културата, градинката „Пролет“, Средното економско училиште, ЈП „Национални шуми“ - подружница „Шар“, АД „Аеродроми“, Општата болница и Територијалната противпожарна единица во градот. Водата директно ќе се доставува до болницата и градинките за заштита на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti