klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети на земјава, најави евроамбасадорот Рокас

Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети на земјава, најави евроамбасадорот Рокас
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·22. 10. 2026. 11:37:04

Европската Унија издвојува средства за зајакнување на воените капацитети и безбедноста на земјава, а преку различни финансиски инструменти ја поддржува и нејзината патна, железничка, енергетска и дигиталната поврзаност, истакна евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој нагласи дека ЕУ е силно посветена на тоа Северна Македонија што е можно поскоро да стане членка на Унијата, оценувајќи дека регионалната поврзаност и зајакнувањето на отпорноста се особено важни во актуелната геополитичка реалност. Говорејќи на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“, Рокас посочи дека преку Европскиот мировен инструмент за земјава се издвоени речиси 65 милиони евра, а се очекува наскоро да се обезбедат дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети на земјата. - Затоа сакаме да понудиме одговор и во сферата на безбедноста. Токму затоа, преку Европскиот мировен инструмент издвоивме речиси 65 милиони евра за Северна Македонија. Се надеваме дека наскоро ќе успееме да обезбедиме дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети на земјата и, како членка на НАТО, за унапредување на нашата безбедност, рече Рокас. Тој нагласи дека одговорот на Европската Унија и на Владата на актуелните предизвици е сеопфатен, бидејќи поврзаноста, економската стабилност и безбедноста се меѓусебно зависни. - Како што гледате, нашиот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti