Домати полнети со зеленчук и кускус

Лесни, сочни и вкусни... Состојки: 8 големи домати 1 праз 150 грама шампињони 200 грама брокула 2 чешниња лук 3 свежи листови босилек 100 грама кускус 150 мл вода 1 лажица масло и малку путер (за кускусот) сол, бибер, сув зеленчук 3 лажици пармезан Подготовка: Измијте ги доматите, исечете им ги врвовите (капачињата) и издлабете ја внатрешноста. Исцедете ја издлабената средина, исецкајте ја и оставете ја настрана. Брокулата искинете ја на мали цветчиња и кратко обарете ја во зовриена солена вода. Исплакнете ги со ладна вода, исцедете ги, а потоа исецкајте ја на ситни коцки. Пресечете го празот по должина и исецкајте го на тенки парчиња. Исчистете ги печурките и исецкајте ги. Прво пропржете го празот на малку маслиново масло, потоа додадете ги печурките, посолете и пржете додека малку не омекнат. Додадете ги брокулите и ситно сецканиот лук; пржете кратко, додавајќи малку вода доколку е потребно. На крајот, додадете ја средината на доматите, босилекот и зачините. Пржете додека не испари целата течност. За да го подготвите кускусот, зовријте вода во тенџере со една лажица масло и малку сол. Тргнете го тенџерето од оган и додадете го кускусот со постојано мешање. Покријте го и оставете го да отстои 4–5 минути за…

