klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Докторите предупредуваат: Ако имате една од овие четири состојби, горештините можат да бидат опасни по животот!

Докторите предупредуваат: Ако имате една од овие четири состојби, горештините можат да бидат опасни по животот!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·25. 06. 2026. 20:46:26

Високите температури можат кај одредени лица да доведат до влошување на постојните здравствени состојби, предупредуваат лекарите. На граѓаните им се препорачува да внесуваат доволно течности, да престојуваат во разладени простории, да избегнуваат директно изложување на сонце и да обрнат внимание на состојбата на своите роднини, соседи и други ранливи лица во нивната околина, советуваат тие.Според надлежните, се препорачува малите деца и домашните миленици да не се оставаат без надзор во возилата бидејќи температурата во автомобилите може многу брзо да достигне опасно високо ниво. -За време на топлотните бранови, лицата со одредени здравствени проблеми може да забележат влошување на симптомите, а лекарите издвојуваат четири состојби кои претставуваат особено висок ризик, напиша Индекс (Index.hr). Меѓу најзагрозените за време на горештините се лицата со срцеви заболувања. Според физиологот Мајкл Крафорд, високите температури имаат големо влијание врз работата на срцето и кардиоваскуларниот систем. - Кардиоваскуларниот систем мора да вложи дополнителен напор за да се ослободи од топлината и да го разлади телото, изјавил Крафорд. Ваквата состојба доведува до забрзана работа на срцето и многу потење, што може да предизвика пад на крвниот притисок, објаснил тој.Според него, колку подолго остануваме на високи температури, толку е поголемо оптоварувањето на срцето. - Топлото време може да предизвика…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti