klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Доктори со поделени мислења за лековитото дејство на канабисот при несоница

Доктори со поделени мислења за лековитото дејство на канабисот при несоница
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 10. 2026. 11:45:21

Резултатите од истражувањето на болницата „Универсидад оспитал италијано де Буенос Аирес“ и Универзитетот во Манитоба покажуваат дека медицинскиот канабис помага при несоница. Тие зборуваат отворено за неуспехот при докажување на придобивките од медицинскиот канабис во секојдневието. - За жал сè уште не можеме да им го препорачаме за лек на пациентите со хронична несоница, изјави докторот Луис Гарењани. Во истражувањето учествувале повеќе од 500 пациенти, од кои едни добивале канабис или плацебо, а кај други бил применуван и антидепресив. По ова, се наведува дека медицинскиот канабис немал поголемо дејство при консумирање од плацебото. Според научниците, медицинскиот канабис би можел да предизвика поголеми несакани ефекти, како сува уста и вртоглавица, во споредба со плацебото. Само кај 124 пациенти е забележано подобрување во спиењето. Медицинскиот канабис е одобрен во 50 држави за намалување на болката и за лекување на депресијата и воспалителните заболувања на цревата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti