Доктор Кочински: ЦЈЗ Тетово треба да донесе одлука за евентуално пријавување епидемија

Првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово, до денес се пријавени вкупно 140 заболени лица на пријава за заразна болест кои делумно се анкетирани, а дел се анкетираат во моментот од страна на епидемиолози од Гостивар и ИЈЗ. Се забележува пораст на стапката на заболени лица преку АЛЕРТ системот и надминување на трешхолдот на неделно ниво за територијата на Гостивар. Ова го истакна денеска за ситуацијата во Гостивар, д-р Драган Кочински, раководител на одделот "Епидемиологија на заразни заболувања, при Институтот за јавно здравје. -Како што споменав ние сме во комуникација со ЦЈЗ Тетово и во текот на денешниот ден ќе донесе соодветна одлука за пријавување епидемија на заразна болест. Мерките за контрола и превенција цело време се спроведуваат од сите надлежни институции, а пријавување на епидемија би значело подобра комуникација и координација на сите чинители - истакна докторот Кочински. Тој рече дека Институтот за јавно здравје е во постојана комуникација со сите надлежни институтции - ЦЈЗ Тетово/ ПЕ Гостивар, Министерство за здравство, Јавното обвинителство, МВР, поврзано со ситуацијата во Гостивар. -По добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, ИЈЗ веднаш излезе на терен на посочените локации и зема примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи на вода. По враќањето на…
Povezane vijesti

Magyar našao kandidatkinju: Svjetski poznata šahistica buduća predsjednica Mađarske?

„Svi se boje smrti“: Kako mobilizacija vojnika u Ukrajini prerasta u nasilje
