Додека жителите бегаа од пожарот, крадец украл 44 шишиња скапо вино

Додека илјадници луѓе ги напуштаа своите домови поради катастрофалните пожари што беснеат во југозападна Франција, едно лице се обидело да ја искористи трагедијата за лична корист. Француската полиција уапсила маж на возраст од околу 40 години, кој е осомничен дека украл 44 шишиња скапо винтиџ вино од евакуирана куќа во местото Ејсин (Eysines), во близина на Бордо. Според информациите, осомничениот бил запрен од полицијата додека се оддалечувал со автомобил полн со вредните шишиња вино, непосредно откако жителите на областа биле принудени да ги напуштат своите домови поради приближувањето на огнената стихија. Во привремените центри за евакуација, многу жители признаваат дека покрај стравот од пожарот, ги мачи и неизвесноста што ќе затекнат кога ќе можат да се вратат дома. Фатима (62), една од евакуираните жителки, изјави дека најмногу се плаши од кражби. „Сите моравме да ги напуштиме домовите. Не знам дали полицијата патролира низ населбата“, рече таа. Пожарите што се шират кон Бордо досега принудија стотици илјади луѓе во Франција и Шпанија да се евакуираат, а властите предупредуваат дека ризикот останува висок поради силниот ветер и екстремно сувото време.

