klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Добил остров на лотарија, сега го продава поради трошоците за одржување

Добил остров на лотарија, сега го продава поради трошоците за одржување
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·21. 10. 2026. 07:36:59

Жител на германското гратче Кал ам Мајне продава приватен остров во Канада, којшто го добил на наградна игра организирана од компанијата за слатки „Харибо (Haribo)“ уште во 2005 година. Бараната цена изнесува 220.000 евра. Одлуката за продажба е поттикната од зголемените трошоци за одржување, како и фактот што неговите родители веќе не можат да се грижат за имотот како што тоа го правеле порано. Изминативе 21 година, Матијас Рос (44) секоја година минувал по неколку недели на островот. Во меѓувреме, најголемиот дел од работата ја презеле неговите родители, кои патувале таму и останувале со месеци во канадската дивина за да се осигурат дека сè останува во добра состојба. Сепак, долгите патувања станале премногу напорни за нив, поради што семејството одлучи да го продаде имотот - место коешто со години им служело како засолниште и бегство од германското секојдневие. Островот се наоѓа на езерото Бек, во канадската покраина Нова Шкотска, на околу половина час од малиот град Шелбурн. Стигнувањето до таму не е едноставно: Долг прекуатлантски лет, возење низ канадските шуми и последната етапа - со чамец. Островот зафаќа површина од приближно 6,5 хектари - отприлика колку девет фудбалски игралишта, и на него се наоѓаат дрвена колиба од 85 квадратни метри…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti