Доајенот на македонското глумиште, Гоце Тодоровски ќе биде погребан утре

Македонија и македонската културна јавност и театарската сцена денес се простуваат од еден од своите најголеми и најомилени актери. На 75 годишна возраст почина Гоце Тодоровски – легенда на македонското глумиште, човекот чиј препознатлив хумор, неповторлива харизма и извонреден актерски талент со децении ги освојуваа срцата на публиката. Неговата ќерка Сашенка објави дека погребот ќе се одржи утре, на гробиштата Бутел во 13 часот. -Беспрекорен до последниот здив како што само ти умееше. Замина во легендите, а мене ми остави да ја носам тежината на оваа празнина што гори. Утре во Бутел ќе го даваме последното збогум: капела во 13 часот и погреб во 14 часот. Нека ти е светол небесниот пат, татко мој, таму каде што болката повеќе не постои, стои во објавата на неговата ќерка Сашенка. Гоце Тодоровски беше еден од најзначајните и најомилените македонски театарски, телевизиски и филмски актери. Неговото име повеќе од пет децении е синоним за врвна комедија, беспрекорна сценска дикција, извонредна трансформација и актер кој успеваше истовремено да ги насмее и да ги трогне гледачите. Иако најчесто се поврзува со комичните улоги, неговиот актерски опус опфаќа широк спектар драмски, трагикомични и карактерни ликови, поради што се вбројува меѓу доајените на македонското глумиште.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Иран ќе биде главна тема на состанокот меѓу Трамп и Нетанјаху во Вашингтон
