Svijet Sjeverna Makedonija
ДОАЃА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: Високи температури и во ноќните часови

Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 06. 2026. 11:48:13
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на одделни места ќе достигне и до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Промена на времето се очекува од среда, кога е најавен мал пад на дневната температура. Воедно, локално ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


