klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни – изгаснат пожарот кај село Чифлик

До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни – изгаснат пожарот кај село Чифлик
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·08. 08. 2026. 16:58:34

Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот од кои три се активни, а осум се изгаснати. Активни пожари има во село Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација; село Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација; и село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде исто така гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснат е и пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде гореше борова шума и во чие гаснење беа упротебени трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштата и спасување. Покрај тоа, изгаснати се и пожарите во село Бањица Општина Чашка (ниска вегетација), Општина Струга село Биџево (ниска вегетација), Општина Врапчиште село Сенокос (ниска вегетација), Општина Делчево (депонија), Општина Новаци: кај езерото Букри (шумски пожар), Општина Арачиново село Брњарци (ниска вегетација, борови дрвја) и Општина Ѓорче Петров населба Волково (ниска вегетација, борови дрвја и грмушки)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti