До 07:30 часот утрово регистрирани 29 пожари на отворено, два се активни

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. Бутелска бб (ниска вегетација); Општина Шуто Оризари – с. Визбегово (ѓубре); Општина Аеродром – с. Долно Лисиче (ѓубре и ниска вегетација); Општина Сарај – с. Боковиќ (ѓубре); Општина Сопиште (ѓубре); Општина Битола – с. Крклино (ниска вегетација); Општина Новаци – с. Магленци (депонија); Општина Крушево – с. Јакранево (ниска вегетација); Општина Василево – помеѓу с. Доброшинци и с. Василево (ниска вегетација, стрништа и дива депонија); Општина Охрид – Буково (депонија); Општина Кичево – с. Зајас (стрниште и плевна); Општина Струга – помеѓу селата Враништа и Горна Белица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – помеѓу с. Слатина и с. Грешница (ниска вегетација); Општина Велес – населба Превалец (ниска вегетација); Општина Росоман – с. Сирково (ниска вегетација и овошни насади); Општина Росоман – с. Дербриште – Камен Дол (ниска вегетација)…


