klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата

Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·21. 07. 2026. 09:16:53

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец - Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП). -Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, надвор е од нејзиниот опсег, не е ниту во санитарните, зашитини зони или во изворот, туку е далеку, на околу 800 - 900 метри од главниот цевковод што ги снабдува Општина Гостивар и околните села со вода за пиење. Предметното зафаќање вода за кое е информирана и јавноста, не е составен дел од дозволата, а водата што се зафаќа е од водно тело кое моментно гравитира во постојан отворен канал. За секоја измена на дозволата од МЖСПП што планира да ја направи некое комунално претрпијатие, вклучувајќи го и Комуналец - Гостивар, прво треба да се поднесе барање до Управата за животна средина - Сектор води, кое потоа го разгледува и дава иили не дава одобрение за измената. Во конкретниот случај се работи за цевковод што служи за вода за пиење…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti