klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Директорот на ТИРЗ во работна посета на индустриските зони Тетово и Кичево

Директорот на ТИРЗ во работна посета на индустриските зони Тетово и Кичево
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·25. 08. 2026. 13:18:56

Во рамки на активната комуникација со сите инвеститори и партнери, директорот Гоце Димовски денес беше во работна посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево, каде беа остварени средби со приватниот партнер Нормак, менаџментот на компанијата Џаво Отомотив и менаџментот на компанијата Џојсон Сејфти Системс. Во ТИРЗ Тетово, директорот Димовски оствари средба со генералниот директор на Нормак, Александар Зарков, при што беа разгледани тековните активности во зоната, можностите за понатамошен развој на инфраструктурата, како и мерките за подобрување на условите за работа. По средбата со Нормак, директорот Димовски се сретна и со менаџментот на Џаво Отомотив. На средбата беа разгледани тековните активности поврзани со реализација на инвестицијата, како и следните чекори во развојот на компанијата во рамки на ТИРЗ Тетово. Посетата продолжи во ТИРЗ Кичево, каде директорот Димовски се сретна со менаџментот на Џојсон Сејфти Системс. На средбата се разговараше за досегашното работење на компанијата, тековните активности и плановите за понатамошен развој. Притоа, беа разгледани и можностите за дополнителна поддршка од страна на Дирекцијата во насока на олеснување на работењето и реализација на идните развојни планови на компанијата. Денешната посета на ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево е дел од континуираната определба на Дирекцијата за ТИРЗ за директна комуникација со инвеститорите и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti