klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Директорот на ЦУК во работна посета на Општата болница во Гостивар

Директорот на ЦУК во работна посета на Општата болница во Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 16:48:20

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, оствари работна средба со директорот на Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, д-р Емри Бајрами. На средбата се разговараше за актуелната состојба во Гостивар по појавата на случаи на заразени граѓани, како и за преземените мерки, координацијата меѓу надлежните институции и понатамошните активности за ефикасно справување со состојбата по прогласувањето на кризна состојба. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, ја изрази целосната поддршка на Центарот за управување со кризи кон Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ и кон сите институции вклучени во справувањето со оваа состојба. Тој истакна дека ЦУК останува во постојана координација со надлежните институции и е подготвен да ги стави на располагање своите капацитети за навремена реакција и потребна поддршка. Директорот на болницата, д-р Емри Бајрами, информираше за тековната состојба, активностите преземени од здравствениот персонал, третманот на пациентите и потребите за понатамошно справување со состојбата. На крајот од средбата беше потврдена заедничката определба за продолжување на тесната соработка и координација меѓу ЦУК и здравствените институции, со цел брза и ефикасна реакција, заштита на здравјето на граѓаните и успешно справување со предизвиците во Гостиварскиот регион.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti