klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Директорот на БЈБ присуствуваше на обука за психолошка траума – нов чекор во грижата за полициските службеници

Директорот на БЈБ присуствуваше на обука за психолошка траума – нов чекор во грижата за полициските службеници
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 08. 2026. 11:50:20

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска присуствуваше на започнувањето на првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, што претставува новина во полицискиот систем и важен чекор кон создавање современа, професионална и одговорна полиција. Програмата се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, со цел полициските службеници да стекнат знаења и практични вештини за препознавање на стресот и траумата, психолошка прва помош, кризна интервенција, колегијална поддршка и навремено упатување кон стручна помош, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. Во своето обраќање, директорот Јанев истакнал дека полициските службеници се меѓу првите кои пристигнуваат на местото на несреќи, трагедии, насилства и други кризни ситуации. - Полициските службеници се соочуваат со тешки сцени и човечка болка, а истовремено од нив се очекува да останат присебни, да носат одлуки под притисок, да го спроведуваат законот и да ја гарантираат безбедноста на граѓаните. Но, зад секоја униформа стои човек - истакнал Јанев. Тој посочил дека токму затоа е важно полициските службеници да бидат отворени едни кон други, да разговараат и да си помагаат, нагласувајќи дека барањето помош не е знак на слабост - туку знак на одговорност, професионалност и грижа за себе и за колегите. Јанев истакнал дека…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti