klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Димовски во работна посета на ТИРЗ Штип: Остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компании

Димовски во работна посета на ТИРЗ Штип: Остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компании
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 07. 2026. 14:09:59

​Директорот Гоце Димовски денес оствари посета на ТИРЗ Штип, при што беа реализирани работни средби со менаџментот на компаниите Адиент, Кондево и Техникал Текстајлс. За време на посетата беа разгледани тековните активности на компаниите, нивните развојни планови, како и можностите за понатамошно унапредување на деловното опкружување и условите за работа во рамки на зоната. Во разговорите беше потенцирана важноста од континуираната комуникација помеѓу институциите и инвеститорите, со цел навремено адресирање на сите предизвици и создавање услови за нови инвестиции, технолошки развој и отворање нови работни места. Директорот Димовски ја истакна посветеноста на Владата кон обезбедување стабилна и предвидлива деловна средина, нагласувајќи дека директната комуникација со компаниите претставува клучен елемент во креирањето политики кои ќе придонесат за натамошен економски раст и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Тој посочи дека покрај привлекувањето нови инвеститори, Дирекцијата останува целосно посветена на поддршката на постојните компании, преку навремено препознавање и надминување на предизвиците со кои се соочуваат. Од страна на менаџментот на компаниите беа презентирани тековните активности, остварените резултати и плановите за понатамошен развој и инвестиции. Воедно, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, како и подготвеност истата да продолжи и дополнително да се интензивира во наредниот период. Во рамки на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti