Димитровски: Не бараме гаранции за членство во ЕУ, туку уверување дека преговорите нема да зависат од прашања на историјата и идентитетот

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Рим учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа на покана на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани. На средбата учествуваа министрите за надворешни работи од земјите - членки на Европската Унија и од Западен Балкан, како и високи претставници на институциите на Европската Унија. Во фокусот на дискусиите беа иднината на политиката на проширување, европската перспектива на Западен Балкан и улогата на регионот во зајакнувањето на европската стратешка автономија. Во рамки на дискусијата посветена на политиката на проширување, заменик министерот Димитровски истакна дека проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и отпорноста на Европа, нагласувајќи дека пристапниот процес мора да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, со полноправното членство во Европската Унија како единствена крајна цел. Тој посочи дека нашата земја останува цврсто посветена на спроведувањето на неопходните реформи, при што нагласи дека напредокот кон членството треба да се оценува исклучиво врз основа на исполнувањето на Копенхашките критериуми и постигнатите реформски резултати. - Важно е да нагласам дека не бараме гаранции дека ќе станеме членка во ЕУ, туку уверување дека нашите пристапни…


