klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Димитровска: За две години инвестирани над 21 милион евра за спортски проекти и државна помош насочена кон спортистите, клубовите и федерациите

Димитровска: За две години инвестирани над 21 милион евра за спортски проекти и државна помош насочена кон спортистите, клубовите и федерациите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·14. 07. 2026. 10:08:03

Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска, денес истакна дека по долги години на дното на листата за државни приоритети, со ВМРО-ДПМНЕ на власт спортот се враќа во фокусот на Владата и го добива заслуженото место. Спортот, според Димитровска, е област во која треба да се инвестира, за резултатите и ефектите да се почувствуваат по извесно време на многу труд, напор, тренинзи на генерации млади спортисти. За да можат посветено и безгрижно младите надежни спортисти да се посветат на нивниот развој, напредок и постигнување резултати, потребно е државата да инвестира и да обезбеди соодветна модерна и современа спортска инфраструктура. „Тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде за две години се инвестирани над 21 милион евра за реализирање и отпочнување на нови спортски проекти. До сега реализирани и отпочнати се 60 проекти како што се спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш, салата на УКИМ, нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, нови трибини на Градскиот стадион во Тетово. Изградени и реконструирани се безброј игралишта, мултифункционални терени и спортски објекти, посветено се работи и на деветте базени низ државата кои се во различни фази на реализација. Исто така…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti