klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, ЗНАМ разговара со народот

Димитриевски: Додека други нарачуваат анкети, ЗНАМ разговара со народот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 19:00:49

Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции. Осврнувајќи се на последните анкети кои беа пласирани во јавноста, Димитриевски нагласи дека граѓаните одамна ја препознаваат разликата меѓу креирање и сондирање на јавното мислење. Тој истакна дека токму затоа ЗНАМ не троши стотици илјади денари за политички маркетинг, туку вложува време таму каде што е најважно, меѓу граѓаните. Во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска Иднина, Европска Македонија“, раководтсвото на партијата веќе реализираа бројни средби со граѓаните низ повеќе градови, а од септември караванот продолжува со уште посилна динамика. ЗНАМ е единствената политичка партија која во овој период, наместо да води политика од партиските штабови, секојдневно разговара лице в лице со граѓаните, ги слуша нивните проблеми, предлози и очекувања. Тоа е концептот на кој се темели нашето политичко делување и така ќе продолжиме и во иднина. „ЗНАМ е меѓу граѓаните во рамки на работното лето. Разговараме со нашите членови и со…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti