Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, со кој буџетските проекции се усогласуваат со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите. Министерката во експозето истакна дека вториот ребаланс е навремена реакција на глобалната неизвесност, геополитичките тензии и нарушувањата на енергетските пазари, кои влијаат врз економските текови и буџетските приходи. „Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења, досегашната реализација и ефектите од мерките преземени во текот на годината. Ова е одговорен пристап во услови на неизвесност, да ги коригираме проекциите таму каде што реалноста го бара тоа, да ги намалиме расходите каде што има простор за рационализација, но истовремено да ги зачуваме средствата за законските обврски, здравствените услуги, социјалната заштита и приоритетните развојни проекти“, истакна министерката. Со предложените измени, вкупните буџетски приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува непроменет на 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од…
Povezane vijesti

Американски банки откриле непроверени ВИ-агенти во сметките на клиентите, објави „Аксиос“

Kandidati Studentske liste položili zajedničku zakletvu: "Poslanički mandat pripada narodu - Srbija pobeđuje jer studenti pobeđuju"
