klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот обезбедува повеќе средства за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита и општините

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот обезбедува повеќе средства за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита и општините
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 10:24:52

Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Предложените измени се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, при образложувањето на дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година пред пратениците во Собранието. Министерката посочи дека дополнетиот Предлог ги содржи измените предложени од Владата, како и амандманите што беа прифатени во текот на расправата во матичната собраниска комисија, со што дополнително се зајакнува поддршката за граѓаните и развојните политики. „Дополнетиот Предлог за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година е навремено и одговорно усогласување на буџетските проекции со новите економски околности како како и за обезбедување средства за исполнување на законските обврски кои во меѓувреме се случија и реализација на развојните приоритети. Со овие измени обезбедуваме средства за исплата на зголемените плати во секторите каде што е предвиден раст, дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините. Она што особено го издвојува овој ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti