klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 15:05:57

Владата ја продолжи мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 проценти, како и мерката за намалување на акцизата за горивата, до 2 ноември 2026 година, објави на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со оваа мерка, како што посочува министерката, се придонесува за ублажување на ценовните притисоци врз малопродажните цени на горивата и намалување на финансискиот товар врз граѓаните и стопанството. -Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и да преземаме навремени мерки за заштита на животниот стандард и зачувување на економската стабилност, пишува министерката за финансии во својата објава.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti