klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Димитриеска-Кочоска: Нова финансиска конструкција за железничката пруга кон Бугарија – Владата посветена на успешна реализација на проектот

Димитриеска-Кочоска: Нова финансиска конструкција за железничката пруга кон Бугарија – Владата посветена на успешна реализација на проектот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·06. 08. 2026. 09:26:50

Владата со поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој преку нова финансиска конструкција овозможува реализација на проектот за железничкото поврзување со Република Бугарија. Денеска од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, и директорот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, раководителот на Канцеларијата на ЕИБ во Скопје Бјорн Габриел потпишаа амандмани на договорите за финансирање и амандман на договорот за грант и проектниот договор. -Со денешното потпишување на овие амандмани на договорите за финасирање и договорот за грант обезбедуваме финансиска конструкција што ќе овозможи целосна реализација на проектот, трета делница од железничкиот Коридор 8, Крива Паланка-граница со Република Бугарија, а кој не само што ќе обезбеди подобра поврзаност меѓу Јадранското и Црното Море, туку ќе придонесе и за поголема економска интеграција, полесно движење на луѓето и стоките, како и за нови можности за развој на македонската економија и на целиот регион, рече министерката на потпишувањето на договорите на кој присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. Министерката потенцира дека на овој начин создаваме услови за непречено продолжување на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата. -Средствата за имплементација на третата делница се обезбедени…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti