klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Димитриеска-Кочоска: Македонската економија бележи стабилно закрепнување и континуиран раст, зад овие резултати стојат огромна работа и посветеност

Димитриеска-Кочоска: Македонската економија бележи стабилно закрепнување и континуиран раст, зад овие резултати стојат огромна работа и посветеност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·02. 07. 2026. 11:05:54

Поминаа две години од управувањето со јавните финансии, две години во тешки економски услови, глобални неизвесности и огромни фискални предизвици. Но и две години во кои направивме свесен избор - избор за дисциплина, за фискална одговорност и за долгорочни решенија наместо краткорочен популизам. Во овие две години макроекономските резултати се повеќе од јасни: македонската економија во овој период бележи стабилно закрепнување и континуиран раст. Ако погледнеме наназад, ќе видиме дека во периодот од 2017 до 2023 година просечниот економски раст изнесуваше околу 1,8 процент, а денес имаме значително повисока динамика, 3 отсто раст во 2024, 3,5 проценти во 2025 и во 2026 година стабилна позитивна траекторија на економски раст - рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Како што истакна Димитриеска-Кочоска на прес-конференција во Владата давајќи отчет за сработеното, инфлацијата, која во 2022 година достигна 14,2 проценти и сериозно влијаеше врз животниот стандард на граѓаните, а денес, и покрај продолжената глобална неизвесност и последиците од една од најголемите енергетски и економски кризи во последните децении, во мај изнесуваше 4,8 проценти. Проекциите за оваа година остануваат во рамките на очекуваната стабилност. - Тоа значи дека успеавме да ги амортизираме глобалните ценовни шокови и повторно да обезбедиме предвидлива економска средина. Ова е…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti