klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·26. 08. 2026. 15:19:40

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14. седница едногласно ги донесе одлуките и упатствата за спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека за организацијата и спроведувањето на изборите е предвиден вкупен финансиски план од 21,1 милион денари. Средствата, како што посочи, вчера биле одобрени од Владата. Од вкупната сума, 3 милиони денари се предвидени за платено политичко рекламирање во медиумите, додека останатите средства ќе бидат наменети за сите други трошоци поврзани со спроведувањето на изборниот процес. - Само би сакал заради јавноста да ја споделам вкупната сума од финансискиот план за покривање на целосните трошоци во врска со организација и спроведување на изборите за градоначалник во општина Брвеница на 18 октомври, изнесуваат 21.100.000 денари. Тоа ни беше одобрено од Владата на вчерашната седница како список на трошоци. Од оваа сума, само ќе кажам дека 3.000.000 денари се предвидени за платено политичко рекламирање за медиумите, а сите останати трошоци за целосно и правилно спроведување на изборите во Брвеница ќе бидат покриени со овој финансиски план-вели Маричиќ. На седницата беше донесено и решение за изменување на Годишниот план на ДИК, со воведување на нова буџетска програма…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti