ДИК усвои одлука за дополнителни средства за надоместоци за избирачки одбор за спроведените локални избори и тригодишен План за вработувања

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 11. седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за доделување средства на општинските изборни комисии за надоместоци на избирачките одбори и општинските изборни комисии во општините со блокирани жиро-сметки. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ појасни дека дополнувањето се однесува на претходно донесената одлука за финансирање на надоместоците за спроведувањето на локалните избори во 2025 година и повторените избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа одржани во јануари 2026 година. -Ова одлука е за дополнување на Одлуката за доделување на општински изборни комисии за надоместоци за избирачки одбори и општински изборни комисии во општини кои имаат блокирани жиро-сметки за спроведување на локалните избори за советите на општините и Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје 2025 година и спроведување на повторни избори за градоначалник на Општина Гостивар, на Општина Врапчиште, на Општина Маврово и Ростуше и на Општина Центар Жупа во јануари 2026 година. Ја носиме по претходна поднесено барање од Општина Делчево за технички пропуст при пресметката за едно избирачко место, како и по добивање позитивно мислење од Министерството за финансии дека средствата се веќе обезбедени во рамките на одобрениот буџет…
Povezane vijesti
