ДИК го измени финансискиот план за средства за предвремените избори во Брвеница за набавка на компјутерска опрема

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 22. седница едногласно ја усвои Одлуката за измена и дополнување на Финансискиот план од 26 август, годинава за распределба на средства за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, одржани на 18 октомври. Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ појасни дека измената се однесува на делот поврзан со Годишниот план за набавки, односно на набавка на компјутерска опрема. -Со неа се врши измена и дополнување на финансискиот план во делот поврзан со Годишниот план за набавки, во однос на набавка на компјутерска опрема. Сите останати делови од финансискиот план остануваат исти - рече Маричиќ. ДИК, исто така, едногласно ја усвои и Одлуката за дополнение на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2026 година на Државната изборна комисија, заведен под број 05-170/1 од 14 јануари. Маричиќ посочи дека дополнувањето е потребно во делот за набавки на стоки и услуги неопходни за целосно спроведување на изборните дејствија, односно за набавка на компјутерска опрема. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=W4mqaf_ccjA[/embed]
Povezane vijesti

ДИК: Излезеноста на изборите во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, повеќе од двојно помала од првиот круг во 2025 година

ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи
