Дијалог за младите, реформите и европската иднина на државата

На 25 јуни 2026 година, претставници на Клубот за младински прашања и политики, во состав на претседателката Драгана Бојковска, заедно со членовите Петар Марков, Мимоза Муса, Јован Јаулески, Мартин Стојановски и Бисерка Златеска, остварија средба со група практиканти од Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, придружувани од претставници на Делегацијата на Европската Унија во нашата држава. На средбата беа претставени активностите и приоритетите на Клубот за младински прашања и политики, при што се разменија мислења за предизвиците со кои се соочуваат младите, можностите достапни за нив, како и нивната улога во креирањето на јавните политики и европската иднина на државата. Во текот на дискусијата беше потенцирано дека секоја држава, независно од нејзината големина, има значајна улога во европските процеси и можност активно да придонесува во креирањето на заедничките политики. Во овој контекст, беше разговарано и за европската интеграција на државата, долгиот и сложен пат, проследен со бројни политички предизвици и реформи. Дополнително, соговорниците разговараа и за различните начини на комуникација со младите и пошироката јавност, како и за потребата од градење доверба во институциите. Беше истакната важноста од создавање услови за подобри можности во образованието, професионалниот развој и вработувањето, со цел младите да ја препознаат својата…


