klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Дијало: До крајот на јули ќе биде познат наследникот на Дешам

Дијало: До крајот на јули ќе биде познат наследникот на Дешам
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·19. 07. 2026. 12:16:56

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, изјави дека до крајот на јули ќе биде познато името на наследникот на Дидие Дешам на селекторската функција. Дешам последен пат ја предводеше Франција во натпреварот за третото место на Светското првенство, во кој неговата репрезентација загуби од Англија со 6:4. По 14 години на клупата и светската титула освоена во 2018 година, 57-годишниот Дешам заминува од селекторската позиција. https://kurir.mk/sport/fudbal/emotivno-prostuvanje-na-desham-ne-go-napraviv-ona-shto-trebashe/ „Дешам е човек кој 14 години придонесуваше за големината на француската репрезентација и кој му даде многу на нашиот фудбал. Му се заблагодарив нему и на сите околу него, кои ја направија Франција една од најценетите репрезентации во светот на фудбалот. До крајот на месецот ќе го знаеме името на неговиот наследник“, изјави Дијало за француските медиуми. Зидан главен кандидат Дијало не сакаше да ги потврди медиумските написи дека нов селектор ќе биде Зинедин Зидан, долгогодишен соиграч на Дешам од француската репрезентација. Француските медиуми веќе неколку дена објавуваат дека токму Зидан ќе ја преземе репрезентацијата и дека ќе потпише договор на четири години. Сепак, официјална потврда засега нема, а конечната одлука треба да биде соопштена до крајот на јули.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti