klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Дигитален линч… ништо не е случајно

KLIK.
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·03. 07. 2026. 09:59:38

Не, тоа не се нелегални имигранти што пустошат низ необележани државни територии и сеат страв и насилство, ниту, пак, се несреќни увезени работници што не можат да се интегрираат никаде, ниту, пак, бандити од некоја соседна земја. Не. Не можеме да го насочиме прстот кон некој Пакистанец, Сириец или Авганистанец и да кажеме – ете тие напаѓаат, малтретираат, пљачкаат или убиваат по нашите улици. Не. За жал, денес (а и вчера и од пред некое време) тоа се нашите деца, кои станаа опасна појава, и кон нив го насочуваме прстот. Патоказ кон очајот и немоќта. Тие се дел од фолклорот на македонската дистопија. Жртви на едно општество, кое одејќи по патеките на транзициите, кои воделе до Брисел, падна во амбис и се загуби некаде во понорот на бесчувствителноста, (не)верата, (не)вербата и смислата за (не)постоењето. Нема да кажам дека тие се главниот проблем, но секако дека се главните жртви. Ние возрасните, бабите и дедовците и мајките и татковците, ќе останеме публиката, или ќе ѝ ставиме крај на оваа гладијаторска претстава на отворено? Ќе останеме на истакнување на проблемот или ќе ги бараме неговите корења? Уште еден важен стрес-тест за македонското општество. Затоа, немојте да мислите дека партиите се главните фаци во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti