Ди Марија: Меси е способен да игра за Аргентина уште многу години

Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Анхел Ди Марија, очекува Лионел Меси да игра за националниот тим уште многу години. -Момците од репрезентацијата заслужуваат многу повеќе од само аплауз за сè што постигнаа во овој период. Бев загрижен за време на секој натпревар од Светското првенство во 2026 година. Овој тим секогаш наоѓаше нешто посебно во себе што им овозможуваше да победат. Во финалето понекогаш победуваш, понекогаш не. Овој пат не успеаја, но мислам дека репрезентацијата повторно го крена високо аргентинско знаме. Меси треба да игра за репрезентацијата колку што сака. Мислам дека може да игра уште многу години. На 39 години, тој покажа дека останува еден од најголемите фудбалери во историјата. За него повеќе нема ограничувања. Селекторот Скалони е симбол на сегашната репрезентација на Аргентина. Навистина се надевам дека Скалони ќе остане, изјави Ди Марија за „Sport.es“. По финалето на Светското првенство 2026 година, кое Аргентина го загуби со 1:0 од Шпанија, се појавија информации дека Меси повеќе нема да игра за репрезентацијата. На Мундијалот Меси постигна осум гола и четири асистенции во осум натпревари. (МИА)

