klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Девојче преживеало со кечап и мајонез, 32 часа по земјотресот во Венецуела

Девојче преживеало со кечап и мајонез, 32 часа по земјотресот во Венецуела
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 07. 2026. 13:29:23

Од речиси 50 лица кои живееле во нејзината станбена зграда, само тројца биле извлечени живи. Карина Бланко не била во својот дом кога земјата почнала силно да се тресе. По силните потреси, таа избегала надвор заедно со останатите жители. - Кога сфатив колкави се штетите почнав да викам по мојата ќерка. Влегов во автомобил и возев најбрзо што можев, изјави Бланко. На 24 јуни два силни земјотреси ја погодија Венецуела во период од само неколку секунди. Вториот земјотрес, со јачина од 7,5 степени според Рихтер, бил меѓу најсилните што ја погодиле земјата во последните сто години. Дванаесетгодишната Фабијана останала заглавена под урнатините. Таа во моментот на земјотресот била во спалната соба, на првиот кат од десеткатна зграда. Истрчала кон кујната и се држела за кујнските елементи додека ѕидовите околу неа почнале да се уриваат. Во еден момент била бутната на подот. - Гледав како работите се тресат, паѓаат и се кршат, а потоа ѕидовите почнаа да пукаат. Ѕидот што го делеше мојот стан од станот на мојот пријател се урна. Во тој момент помислив: Ќе умрам. Нема да преживеам. Никој нема да ме спаси, изјавила Фабијана. Под урнатините лежела свртена со лицето нагоре, заробена меѓу бетон и шут од сите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti