klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 10. 2026. 06:30:44

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред деветнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година 14 учесници го трчаат 19-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот го почнаа 13 маратонци, а уште еден ќе им се придружи во Македонија. Низ Хрватска ќе истрчаат околу 200 километри, преку Србија ќе поминат со возила, како што налагаат прописите во земјата, а од границата со Македонија до Крушево, македонските маратонци ќе истрчаат уште 220 километри. Маратонот почна од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на годишнината од неговото загинување, маратонците треба да пристигнат во Крушево. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево. Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing). Тодор Проески - Тоше е роден на 25 јануари 1981 година и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti