Детали: Поранешниот сопруг е осомничениот за убиството на жената во скопско

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор, информираат од Обвинителството. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. -Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели, велат од ОЈО Скопје. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот. https://kurir.mk/vesti/hronika/zhitel-na-skopsko-osomnichen-dza-ubistvo-prijavil-zhena-dza-ischedznata-pa-sledniot-den-deka-ja-pronashol-pochinata/


