Десет пожари на отворено, шест се активни – огнената стихија зафати повеќе општини

Вкупно десет пожари се регистрирани на отворен простор до 13 часот, од кои шест се активни, еден е под контрола и три се изгаснати. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни во моменов се пожарите во општина Прилеп - во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, каде што гори ниска вегетација; во општина Студеничани - на потегот село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, каде што пожарот зафаќа мешана шума, во општина Македонски Брод - во месноста Видуш, кај селото Драгов Дол и кај селото Локвица, каде што е зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Активни се и пожарите во општина Кичево - во атарот на село Тајмиште, во месноста Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума, во општина Липково - во атарот на село Никуштак, каде што пожарот зафаќа ниска вегетација и шума и во општина Крушево - во реонот на село Белушино пожарот повторно се активира, а во село Јакреново пожарот е ставен под контрола. Таму се зафатени ниска вегетација и дабова шума. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево, а изгаснати се пожарите во село Форино, општина Гостивар…
Povezane vijesti

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Антонио Јолевски е назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везироски
