Десет години поврзување со татковината: Заврши овогодинешната програма „Родум од Македонија“ 2026

На 17 јули 2026 година, осум млади Македонци од дијаспората успешно го завршија своето тринеделно патување низ Македонија како дел од програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) 2026, со што беше заокружено јубилејното десетто издание на оваа единствена програма од ваков вид. Организирана од Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), програмата „Родум од Македонија“ и понатаму им овозможува на младите со македонско потекло да ја зајакнат врската со својата татковина преку стручни пракси, културни доживувања и непосредни средби со истакнати личности, институции и организации ширум Македонија. Завршната свеченост, која се одржа во Хотел Инекс Олгица во Охрид, беше посветена на одбележувањето на успесите на учесниците за време на програмата, но и на пријателствата што ги создадоа, искуствата што ги стекнаа и подлабоката поврзаност што ја изградија со Македонија. На свеченоста присуствуваа ментори и претставници од компаниите и институциите во кои учесниците ја реализираа својата стручна пракса, меѓу кои Костал Македонија, АД Охрид, НУ Завод и Музеј – Охрид, Касарна Хаб и Младински Центар Охрид. На прославата им се придружија и алумни од претходните генерации на програмата „Родум од Македонија“, претставници на локалната заедница, долгогодишни поддржувачи на програмата, како и членови на македонската дијаспора. За првпат од своето основање, програмата „Родум од Македонија“…


