Десет години поврзување со татковината: Заврши годинaшната програма „Родум од Македонија“ 2026

Осум млади Македонци од дијаспората денеска успешно го завршија своето тринеделно патување низ Македонија како дел од програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) 2026, со што беше заокружено јубилејното десетто издание на оваа единствена програма од ваков вид. Организирана од Обединета македонска дијаспора (ОМД), програмата „Родум од Македонија“ и понатаму им овозможува на младите со македонско потекло да ја зајакнат врската со својата татковина преку стручни пракси, културни доживувања и непосредни средби со истакнати личности, институции и организации од Македонија. Завршната свеченост што се одржа во Охрид беше посветена на одбележувањето на успесите на учесниците за време на програмата, но и на пријателствата што ги создадоа, искуствата што ги стекнаа и подлабоката поврзаност што ја изградија со Македонија. На свеченоста присуствуваа ментори и претставници од компаниите и институциите, во кои учесниците ја реализираа својата стручна пракса, меѓу кои „Костал Македонија“, АД „Охрид“, НУ Завод и Музеј - Охрид, Касарна „Хаб“ и Младинскиот центар - Охрид. На прославата им се придружија и алумни од претходните генерации на програмата „Родум од Македонија“, претставници на локалната заедница, долгогодишни поддржувачи на програмата, како и членови на македонската дијаспора. Првпат од своето основање програмата „Родум од Македонија“ беше базирана во Охрид овозможувајќи им на учесниците…


