klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·06. 08. 2026. 17:28:09

Општина Гази Баба утре ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска. - Поминаа 10 години од катастрофалната поплава која на 6 август 2016 година ја погоди Општина Гази Баба и однесе човечки животи, зад себе оставајќи неизмерна болка, уништени домови и семејства кои засекогаш останаа без своите најмили. Денес, со длабока почит и пиетет, се поклонуваме пред споменот на сите оние кои трагично ги загубија своите животи. Нивниот спомен ќе остане вечен, а нивната судбина засекогаш ќе нè потсетува колку е непроценлива вредноста на човечкиот живот - посочуваат од Општина Гази Баба. [facebook_post url="https://www.facebook.com/StefkovskiB/posts/pfbid022Z3AbHanXB6KDFEgEGuznm7iWu6jG65t6z76oHCpcNi5jp9B4i5mkLsibJgBJYrNl"] Од Општината изразуваат искрена благодарност до сите кои во тие тешки денови покажале несебична хуманост и солидарност. - Благодарност до спасувачките служби, припадниците на Армијата и Министерството за внатрешни работи, пожарникарите, Црвениот крст, здравствените работници, институциите, доброволците, хуманите граѓани и сите кои без двоумење подадоа рака кога беше најпотребно. Трагедијата од 2016 година покажа дека и во најтешките мигови нашите граѓани знаат да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti