klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Дешамп: Дали овој судија е за полуфинале?

Дешамп: Дали овој судија е за полуфинале?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·15. 07. 2026. 06:13:38

Селекторот на Франција Дидие Дешамп официјално потврди дека се повлекува од функцијата по завршувањето на овој турнир, но неговото заминување ќе остане запаметено по огромната фрустрација и отворените напади кон судиската организација. „Ќе поставам едно директно прашање и нема да го одговорам: Дали овој судија воопшто е на нивото кое се бара за да суди полуфинале на Светско првенство?“, изјави видно револтираниот Дешамп пред новинарите, додавајќи дека не бара алиби. „Не го велам ова само затоа што загубивме. Имаше доста сомнителни ситуации и неколку одлуки кои премногу лесно беа донесени во нивна корист“. Дешамп беше принуден да признае дека неговиот тим едноставно не беше дораснат на предизвикот. Франција изгледаше немоќно во средниот ред, додека главната ѕвезда Килијан Мбапе беше целосно отсечен од играта. „Играчите се уништени. Имавме огромни амбиции, но мора да бидеме реални и да признаеме дека денес бевме едно скалило подолу на техничко ниво. Шпанија целосно ја контролираше играта. Бевме надиграни, тоа е вистината. Вината е исклучиво наша, не сакам да вперувам прст кон ниту еден поединец“, додаде Дешамп.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti