klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Деребан: Правдата мора да им служи на граѓаните, а не да биде лавиринт низ кој сами го бараат излезот

Деребан: Правдата мора да им служи на граѓаните, а не да биде лавиринт низ кој сами го бараат излезот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 10. 2026. 18:26:31

Заменик-министерот за правда на Република Македонија, Ален Деребан, учествуваше на Глобалната тркалезна маса на ОЕЦД за еднаков пристап до правдата, што се одржува во Истанбул, каде што ги истакна реформските приоритети на државата за поефикасно, подостапно и подобро поврзано правосудство. Деребан посочи дека меѓу клучните приоритети се дигитализацијата на правосудниот систем, унапредувањето на институционалната координација и постигнувањето конкретни резултати што ќе значат подобри услуги и полесно остварување на правата за граѓаните. [facebook_post url="https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0YJGsAoduCi3LsxB9dqtVBkHkvxTjitagtiw6J6bBUgu63CpwJZivWVqLkyCUmBjQl&id=61572787157197"] Тој ја нагласи и важноста на транспарентноста, бесплатната правна помош и медијацијата како механизми што можат да ги отстранат пречките и да овозможат поедноставен пристап до правдата. „Кога граѓанинот се упатува од една институција до друга, тоа треба да биде продолжување на патот до решението, а не враќање на почеток“, истакна Деребан, потенцирајќи дека институциите треба да бидат поврзани и да соработуваат во интерес на граѓаните. Според него, успешноста на реформите не треба да се оценува само преку законските и системските промени, туку пред сè преку тоа дали проблемите на граѓаните навистина се решаваат. Деребан порача дека правдата мора да овозможи навремено и транспарентно остварување на правата, без непотребни административни пречки, со цел правосудството да биде систем што им служи на граѓаните.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti