Денот на независноста во сенка на нов корупциски скандал и жестоки напади во Украина

Новиот корупциски скандал во најблиското опкружување на украинскиот претседател Володимир Зеленски добива сè поголеми размери. Антикорупциските тела во меѓувреме ги објавија имињата на лицата што ги сметаат за осомничени, меѓу кои е и поранешната заменичка-шефица на Претседателската канцеларија, Ирина Мудра, која Зеленски претходно ја разреши. Истражителите и натаму објавуваат инкриминирачки аудиоснимки од осомничените. Украинското општество тешко ги поднесува ваквите случувања, истакнува новинарот Михаило Ткач од интернет-изданието „Украинска правда“ во нивниот подкаст. „Им благодариме на антикорупциските тела НАБУ и САП за новиот обид нашиот државен систем да се ослободи од корумпираните политичари“, вели Ткач. „Граѓаните наутро ги слушаат снимките што ги објавува НАБУ, на кои се зборува за вреќи полни со готовина, а ноќе доживуваме нов руски ракетен напад.“ Според новинарот, јазот меѓу државната власт, нејзините преокупации и животот на обичните Украинци станува сè поголем. Особено шокантно за многумина е колку отворено и дрско функционерите што се слушаат на снимките зборуваат за корупцијата. Во центарот на скандалот се наоѓа поранешниот министер за енергетика Херман Халушченко, кој беше притворен во февруари кога, и покрај истрагата за корупција што се водеше против него, се обидел да ја напушти земјата. Антикорупциските тела уште минатата година го обвинија за учество во проневера на повеќе од…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
