klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Денеска е Св. свештеномаченик Ермолај

Денеска е Св. свештеномаченик Ермолај
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·08. 08. 2026. 07:24:16

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули. Светиот свештеномаченик Ермолај Свештеник Никомидиски. Во времето на царот Максимијан беше со оние дваесет илјади маченици коишто царот ги осуди да бидат изгорени в црква (житие под 28 декември). Ермолај некако ја избегна смртта во таа прилика, заедно со уште двајца други свештеници, Ермип и Ермократ. Тој го крсти Свети Пантелејмон и заедно со него беше изведен на суд, мачен и најпосле убиен со меч. Со него пострадаа и Ермип и Ермократ и сите беа овенчани со венци на победа и слава во Царството Христово. Чесно пострадаа околу 304 година. Тропар Презвитеру свети Ермолае, со силата и власта ти дадена одозгора ја разреши душата Пантелејмонова од лагата демонска, и срцето негово го приви за Господа. Радувај се, свет свештеномачениче, заедно со Ермип и Ермократ: за делата по Христа извршени, а верата спасоносна исповедана, и за нас молете се од одаите на вечноста.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti