Демократскиот сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. Сегашниот доживотен мандат не обезбедува доволна одговорност, ниту пак ја зајакнува довербата на граѓаните во судскиот систем. Исто така, ДС смета дека е неопходна промена на Уставот со која судиите ќе можат да подлежат на кривична одговорност за донесена судска одлука кога таа претставува резултат на злоупотреба на судиската функција, корупција или намерно кршење на законот. Независноста на судството не смее да биде злоупотребена како заштита од одговорност. Во однос на финансирањето на судството, Демократски сојуз потсетува дека Македонија располага со ограничени буџетски средства. Платите и надоместоците на судиите треба да бидат во согласност со реалните можности на државниот буџет и со потребите за финансирање на другите важни јавни функции. Самостојниот судски буџет и независноста во финансирањето не значат оправдување за енормно високи плати, ниту за злоупотреба на прекувремена работа, дневници и различни бонуси. Граѓаните…
Povezane vijesti

Lekcija u devedeset minuta, triler u produžecima ili penal lutrija: Španija ili Argentina — ko će biti na korvu sveta u naredne četiri godine?

Знаете ли како сè започна? Битката за ѕвездичка на дресот!
