klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Демократски сојуз: Паралелно со здравствените мерки, неопходна е темелна и поширока истрага

Демократски сојуз: Паралелно со здравствените мерки, неопходна е темелна и поширока истрага
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 07. 2026. 13:23:39

Демократски сојуз ги повикува институциите на локално и на државно ниво да дејствуваат координирано за да се спречи натамошно ширење на инфекција и да се санира состојбата со водоснабдување на граѓаните во Гостивар. – Паралелно со здравствените мерки, неопходна е темелна и поширока истрага за да се откријат сите кои неодговорно и волонтерски се однесувале и придонеле на неколку илјади граѓани да им биде загрозено здравјето, со можни тешки последици. Оваа критична состојба (со загадување на водата за пиење) е резултат на неодговорноста и недопирливоста на неспособните и заштитени партиски кадри во локалната самоуправа, но и пошироко. Демократскиот сојуз инсистира на мобилизација и ефикасно дејствување на сите институции и одговорност. Очекуваме транспарентност од локалната власт во Гостивар и објективно информирање. Од одговорноста никој не може да се сокрие со политички манипулации и прикривање на причините за оваа катастрофа, велат од партијата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti